Конституиран Советот на Општина Зрновци
- Во Зрновци, во просториите на Општината, денеска се одржа конститутивна седница на новиот Совет, кој го сочинуваат вкупно девет советници – четворица од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ и двајца од политичката партија МААК. На сите деветмина им беше верифукуван советничкиот мандатот.
Кочани, 12 ноември2025 (МИА) - Во Зрновци, во просториите на Општината, денеска се одржа конститутивна седница на новиот Совет, кој го сочинуваат вкупно девет советници – четворица од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ и двајца од политичката партија МААК. На сите деветмина им беше верифукуван советничкиот мандатот.
На седницата, за претседател беше избран Благој Бошков, член на советничката група на МААК. Тој ја презеде функцијата откако претходнодоби подршка од петмина советници.
Со ова, Советот на Општина Зрновци официјално започна со својот четиригодишен мандат. ис/
фото: фб профил на Општина Зрновци