• петок, 20 февруари 2026

„Комуналец“ со механизација и фрлање сол ги чисти коловозите во Струмица

„Комуналец“  со механизација и фрлање сол ги чисти коловозите во Струмица

Струмица, 22 јануари 2026 (МИА) - Зимските служби при ЈПКД „Комуналец“ со механизација и фрлање на сол низ коловозите уште од раните вечерни часови се потрудија да не дојде до застој на сообраќајот низ општината, соопштија од претпријатието.

- Сообраќајот се одвива нормално по влажни коловози со мали наноси на кашаст снег. Секако препорачуваме внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите по улиците, се наведува во информацијата на струмичкото комунално претпријатие.

Оттаму додаваат дека Службата 24 часа е присутна на терен и е во може да интервенира онаму каде што е потребно.

Инаку, снегот во струмичко поинтезивно паѓаше вчера во попладневните и вечерните часови, а снежната покривка достигна околу 10 сантиметри. рт/са/

Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан