Комплетирано 11. коло во Евролига
- Во кошаркарската Евролига вчеравечер се одиграа пет натпревари со кои се заокружи 11. коло.
Милано, 15 ноември 2025 (МИА) – Во кошаркарската Евролига вчеравечер се одиграа пет натпревари со кои се заокружи 11. коло.
Милано и Лион забележаа минимални победи над фаворитите Олимпијакос и Партизан.
Постигнати резултати:
Дубаи – Жалгирис 95:89
Анадолу Ефес – Баерн 74:72
Лион – Партизан 88:87
Барселона – Виртус Болоња 88:81
Милано – Олимпијакос 88:87.
На табелата водат Хапоел Тел-Авив и Црвена ѕвезда со биланс 8-3 (победи-порази). зс/
Фото: ЕПА