• петок, 05 декември 2025

Компани: Не треба да не зафати еуфорија, но ваква победа против ПСЖ ќе ни даде самодоверба

Компани: Не треба да не зафати еуфорија, но ваква победа против ПСЖ ќе ни даде самодоверба

Париз, 5 ноември 2025 (МИА) – Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, го коментираше триумфот од 2:1 над ПСЖ синоќа во 4. коло од Лигата на шампионите.

-Знаевме дека сме способни за ова. Треба да останеме смирени, но тоа ќе ни даде самодоверба. Н етреба да не зафати еуфорија. Тимот го направи тоа добро. Моравме да се браниме со десет играчи, а тимот повторно одговори, покажувајќи дека сме способни да се адаптираме и да испорачаме резултати, изјави Компани за веб-страницата на УЕФА.

ПСЖ го претрпе првиот пораз во оваа сезона во Лигата на шампионите и падна на третото место на табелата со девет бода. Баерн се искачи на првото место со максимални 12 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан