• понеделник, 08 декември 2025

Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт во посета на земјава

Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт во посета на земјава

Скопје, 7 декември 2025 (МИА) - Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, од 9 до 11 декември ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија и нејзината Армија. 

Како што соопшти АРМ, по пречекот со високи воени почести, генералот Најт ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во текот на престојот, согласно агендата, предвидена е и средба со претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, како и со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во рамки на посетата, како што информираат од АРМ, командантот на Националната гарда на Вермонт ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде се предвидени средби со раководството на Академијата. фф/хс/ 

Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан