• понеделник, 15 декември 2025

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри 

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри 

Меделин, 15 декември 2025 (МИА) -  Автобус што превезувал ученици на матурска екскурзија се урна во клисура длабока 80 метри во Колумбија. 

„Повеќе од дванаесет лица“ ги загубија животите, наведе гувернерот на регионот Антиокија на северозападот од јужноамериканската земја. Околу 20 лица се повредени.

Без да наведуваат извори, медиумите објавија најмалку 16 загинати. 

Учениците од 11-то,последно, одделение се враќале од одмор на плажа на карипскиот брег во Бело, во близина на Меделин, кога се случила несреќата. Според извештаите на медиумите, во автобусот што паднал во клисурата во рурална област недалеку од Сеговија имало околу четириесет патници.

Повредените се пренесени во болница. Според официјалните информации, повеќето од нив се на возраст меѓу 16 и 18 години. 

„Денеска е тажен ден за Антиокија“, рече гувернерот. 

Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата истражува што довело до несреќата.сд/

Фото: Х

 

Остани поврзан