• петок, 05 декември 2025

„Ковчег за двајца“ нова претставата на штипскиот Театар

„Ковчег за двајца“ нова претставата на штипскиот Театар

Штип, 5 декември 2025 (МИА) – „Ковчег за двајца“ е новата премиера на акатерите од Народниот Театар Штип (НТШ). На сцената на штипскиот Театар утревечер во 20 часот ќе се одигра премиерата на преставата „Ковчег за двајца“. Директорот на Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип, Пеце Ристевски вели дека ова е претпоследна премиера за оваа тековна година, за која картите веќе се распродадени.

-Станува збор за „Ковчег за двајца“, која воедно е и претпоследна за оваа година, бидејќи паралелно со ова се работи на уште една детска престава. „Ковчег за двајца“ е во режија на Никола Ристов, и мислам дека Штип заслужува да имаме една ваква престава, рече Ристевски.

Станува збор за комедија, во која на ден на изборите се продава ковчег на двајца кандидати. Самиот процес преставуваше предизвик и за режисерот и за актерите, но сите согласни дека било интересно и забавно.

-Оваа наша престава иако е комедија, целото дејство се случува во една агенција за погребални услуги, што само по себе беше голем предизвик за нас, рече режисерот Ристов.

Со оваа престава се збогатува програмата на Народниот театар во Штип, и понудата која се нуди на граѓаните.

„Решивме да направиме една копродукција за да ја збогатиме програмата. Околу ликовите – секогаш е добитна комбинација кога има несекојдневни ситуации во некои чудни места, вели актерот Миле Вратеовски.

Во меѓувреме, се бара карта плус за секоја престава. Преставата „Ковчег за двајца“ ќе се игра и во вторник на 9 декември. Во претставата улогите ги играат актерите Миле Вратеовски, Елена Шорова Дербов, Владимир Тулиев и Анѓелка Нашкова. вдј/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан