Ковач: Поразот од Сити ќе биде вредно искуство за нас
- Тренерот на Борусија, Нико Ковач, го коментираше поразот од 4:1 од Манчестер сити синоќа во четвртото коло од Лигата на шампионите.
Манчестер, 6 ноември 2025 (МИА) – Тренерот на Борусија, Нико Ковач, го коментираше поразот од 4:1 од Манчестер сити синоќа во четвртото коло од Лигата на шампионите.
- Не можете да правите грешки против толку квалитетен ривал. Мора да се подобриме, но овој пораз ќе биде вредно искуство за нас. Знаевме дека Манчестер сити е врвен тим, многу е тешко да им дадете гол. Кога ви се пружаат шанси, мора да бидете многу ефикасни. Така се создава разликата. Домаќините си ги искористија своите шанси. И ние имавме добри можности, но треба да се подобриме, изјави Ковач по натпреварот на „Етихад“.
Манчестер сити се искачи на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите со 10 бода, додека Борусија е 12-та со седум бода. зс/
Фото: ЕПА