Коалицијата на ирачкиот премиер освои 46 места во Парламентот
- Политичкиот блок на ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал-Судани освои најмногу места во Парламентот по изборите што се одржаа минатиот вторник, покажаа конечните резултати објавени доцна синоќа.
Багдад, 18 ноември 2025 (МИА) - Политичкиот блок на ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал-Судани освои најмногу места во Парламентот по изборите што се одржаа минатиот вторник, покажаа конечните резултати објавени доцна синоќа.
И покрај победата, на новата влада веројатно ќе ѝ бидат потребни месеци за да избере премиер.
Следната влада мора внимателно да го балансира влијанието на САД и Иран. Мора да се справи со десетици вооружени групи блиски до Иран кои се многу поблиски до иранските власти отколку до ирачките власти, додека е под притисок од Вашингтон да ги разоружа тие групи.
Листата на Судани беше прва, освојувајќи 46 места во Парламентот со 329 членови, соопшти Изборната комисија.
Партијата „Прогрес“ (Такадум), која добива поддршка главно од сунитскиот запад и север, освои 27 места.
Партијата „Држава на правото“ на поранешниот ирачки претседател Нури ал-Малики освои 29 места, додека Демократската партија на Курдистан освои 26.
Излезноста беше 56,11 проценти, соопшти Изборната комисија.
Партиите во владејачката шиитска алијанса во Ирак, по објавувањето на резултатите, изјавија дека се сметаат себеси за најголем блок во парламентот. Во соопштението издадено по состанокот на кој присуствуваше Судани, алијансата изјави дека ќе го помести процесот на номинирање премиер во следната фаза.
На изборите минатата недела, Судани се обиде да освои втор мандат, но многу разочарани млади гласачи рекоа дека гласањето е едноставно средство за распределба на нафтеното богатство на Ирак.
Судани се обиде да се позиционира како лидер кој би можел да ја направи земјата успешна по години нестабилност. Тој, исто така, зазеде став против традиционалните партии што го доведоа на власт. мс/
фото: ЕПА архива