• сабота, 22 февруари 2025

Коалиција „Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти

Коалиција „Вреди“:  Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти

Скопје, 5 февруари 2025

Коалицијата ВЛЕН не застанува на она што го вети. Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура.

Овој чекор е доказ за посветеноста на Владата на ВЛЕН за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении. Ова е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.

На првиот јавен повик имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.

Коалицијата ВЛЕН ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.

 

Коалиција „Вреди“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан