• петок, 09 јануари 2026

Клековски: Работиме на ревизија на критериумите за боледување

Клековски: Работиме на ревизија на критериумите за боледување

Скопје, 9 јануари 2026 (МИА) - Работиме на ревизија на критериумите за боледување, при што е неопходно да постигнеме баланс меѓу потребата за лесна достапност до боледување за оние што имаат потреба, а од друга страна, да ги спречиме злоупотребите, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски.

Тој посочи дека има значителен број злоупотреби на боледувањата.

- Изморени сме од правење постојани контроли на барање на фирми или установи за контроли на боледувањата - додаде Клековски - одговарајќи на новинарско прашање по склучувањето договор меѓу ФЗО и Природно-математичкиот факултет, со кој лабораторијата за молекуларна биологија и геномика ќе почне со изведување најсовремени молекуларно-дијагностички процедури вклучувајќи ги и генетските анализи за онколошките заболувања. рп/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан