• сабота, 22 февруари 2025

Кеш Пател: ФБИ нема да се занимава со политички прогон на противниците на Трамп

Кеш Пател: ФБИ нема да се занимава со политички прогон на противниците на Трамп

Вашингтон, 31 јануари 2025 (МИА) - Кеш Пател, кандидатот на претседателот Доналд Трамп за директор на Федералното биро за истраги (ФБИ), на сослушувањето во Сенатот ги уверуваше скептичните демократи дека тој „нема список на непријатели“ и дека под негово раководство бирото нема да се занимава со политички прогон или пресметки со противниците на претседателот Доналд Трамп.

-Немам ниту желба, ниту интерес за тоа, и ако бидам потврден, нема да се вртам наназад, изјави Пател за време на напнатите сослушувања пред Комитетот за правосудство на Сенатот на САД. „ФБИ нема да биде политизирано. ФБИ нема да се занимава со одмазда.“

Укажувањата беа со намера да ги ублажат критиките од страна на демократите, кои на сослушувањето потсетија на повеќе изјави на Пател, кој неколку пати ја истакна својата лична лојалност кон претседателот. Меѓу другото, сенаторите потсетија на неговата оцена дека некои учесници во упадот на Капитолот на 6 јануари биле „политички затвореници“ и повика на чистка на „заговорниците“ во владата и медиумите.

-Разликата помеѓу сликата што сега се создава за овој кандидат и она што тој навистина кажал и направил е просто огромна, изјави демократскиот сенатор Шелдон Вајтхаус. Неговата колешка, Ејми Клобучар, додаде: „Ова не е заговор. Ова се зборовите на самиот господин Пател“.

Пател одговори дека неговите изјави се извадени од контекст и дека тој нема „список на непријатели“. Сепак, во својата книга од 2023 година, тој наведе „десетици поранешни функционери“, кои ги нарече дел од „длабоката држава“.

-Ова е целосно извртување на реалноста, исјави тој. „Единственото што ќе биде важно, ако бидам потврден како директор на ФБИ, е деполитизиран, независен систем на владеење на правото според Уставот и еднакви стандарди на правда.

Пател е номиниран да го замен Кристофер Реј, кој го водеше ФБИ повеќе од седум години, но беше сменет поради нелојалност кон претседателот Трамп. кб/ссм/

Остани поврзан