• среда, 07 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Карбинци ќе субвенционира набавка на клима уреди

Карбинци ќе субвенционира набавка на клима уреди

Карбинци, 22 април 2025 (МИА) - Општина Карбинци трета година по ред  ќе субвенционира набавка на клима уреди. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов најави дека станува збор за проект на општината, а аплицирањето ќе започне на 1 мај и ќе трае четири месеци, до крајот на август годинава.

Сите граѓани кои во тој временски период од годината ќе набават клима уреди ќе бидат субвенционирани со 30% од вкупната сума на климата. Општината за ова мерка издвои 700.000 денари од буџетот.

- Во овие две години повеќе од 130 домаќинства во Карбинци добија средства од општината за клима уред, изјави Паунов.

Критеримуите се едноставни и затоа се повеќе граѓани се одлучуваат да го променат стариот начин на загревање на своите домаќинства однонсо купуваат клима уреди.

-Критериумите се многу едноставни, треба да се биде жител на Карбинци и да се приложи фискална сметка или фактура дека клима уредот е купен во тој период, вели Паунов.

Мерката дава резултат за што  сведочи минатогодишната заинтересираност, односно надминување на одвоениот буџет за субвенционирање на клима уреди. вдј/сст/

Фото: МИА  

Остани поврзан