• вторник, 06 јануари 2026

Камерун ја победи Јужна Африка и ќе игра против Мароко во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации

Камерун ја победи Јужна Африка и ќе игра против Мароко во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации

Рабат, 5 јануари 2026 (МИА) - Камерун ја победи Јужна Африка со 2:1 синоќа во осминафиналето на Африканскиот куп на нации.

Јуниор Чамадеу и Кристијан Кофане ги постигнаа головите за Камерун, додека Евидес Макгопа го постигна единствениот гол за Јужна Африка.

Камерун ќе се соочи со Мароко во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации. Натпреварот ќе се игра в  петок, 9 јануари со почеток во 20 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан