Кавадарчанец со 1,83 промили алкохол во крвта со голф удрил во бандера во Неготино и избегал
- Оттаму соопштија дека Ѓ.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Неготино, 4 декември 2025 (МИА) - Кавадарчанец со 1,83 промили алкохол во крвта со голф удрил во бандера во Неготино и избегал, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Синоќа во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ѓ.А.(35) од Кавадарци. Претходно, околу 20:45 часот на улица „Првомајска“ во Неготино, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, удрил во бандера, по што го напуштил местото. По преземени мерки, тој бил пронајден и по извршено алкотестирање е констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,83 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес.
Оттаму соопштија дека Ѓ.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. свд/нд/
Фото: МИА архива