• четврток, 25 декември 2025

Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција за Македонија во соработка и размена на информации со бугарските служби

Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција за Македонија во соработка и размена на информации со бугарските служби

Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Нелегален транспорт на оружје од Турција преку Бугарија за Македонија спречила ноќеска (24-25 декември 2025) Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција преку брза размена на информации и соработка со бугарските служби односно преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија.

-Во текот на ноќта 24 - 25 декември 2025, по преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија на Граничниот премин „Капитан Андреево" извршен е претрес на товарно возило „Волво“ со македонски национални ознаки, при што во товарниот простор се пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5750 куршуми, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР наведува дека по целосно документирање  на случајот и утврдување на сите инволвирани лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. хс/вј/

Фото: МВР 

Остани поврзан