• вторник, 13 јануари 2026

Кавадаречките планинари од „Орле“ со традиционална прва акција ја започнаа новата година

Кавадаречките планинари од „Орле“ со традиционална прва акција ја започнаа новата година

Кавадарци, 11 јануари 2026 (МИА) - Традиционална прва планинарска акција во Кавадарци во новата година, беше реализирана денеска, во организација на планинарско - спортскиот клуб, „Орле“ од овој град. Триесетина планинари и љубители на природата, пешачеа околу 13 километри, до месноста викана Балвански камен и се дружеа на имотот на искусниот долгогодишен планинар и поранешен претседател на клубот, Никола Минчоров, во месноста Овчка Река. 

- Секоја нова година ја започнуваме со оваа акција. Со добро расположение, дружење и љубов кон природата. Продолжуваме со планинарските активности во земјава и странство, нешто што континуирано и успешно го правиме веќе седумдесетина години. Наша цел е што почесто и што подолго да се престојува во природа, затоа што природата и планинарењето позитивно влијаат врз здравјето, изјави Минчоров во изјава за МИА. 

Пред акцијата, му беше оддадена почит на долгогодишниот планинар Љубен Здравески, кој почина пред некое време, а долги години, како и другите членови на „Орле“, беше промотор на планинарството и здравиот начин на живот. свд/дма/


Фото: МИА 

Остани поврзан