Италијанскиот министер за надворешни работи во посета на Швајцарија
- Италијанскиот министер за надворешни работи и вицепремиер, Антонио Тајани, најави дека денеска ќе отпатува за Кран-Монтана за да изрази солидарност со Швајцарија и да им даде поддршка на италијанските државјани погодени од несреќата.
Рим, 2 јануари 2026 (МИА) - Италијанскиот министер за надворешни работи и вицепремиер, Антонио Тајани, најави дека денеска ќе отпатува за Кран-Монтана за да изрази солидарност со Швајцарија и да им даде поддршка на италијанските државјани погодени од несреќата.
„Ќе бидам таму за да ја покажам мојата солидарност со Швајцарија, но и да застанам покрај нашите сограѓани. Правиме сè што е во наша моќ за да им помогнеме на настраданите“, изјави Тајани за италијанската телевизија „ТГ4“. ссм/са/
фото: архива