• петок, 05 декември 2025

Италијанската опозиција бара Мелони да го објасни нападот на ФдИ врз претседателот Матарела

Италијанската опозиција бара Мелони да го објасни нападот на ФдИ врз претседателот Матарела

Рим, 18 ноември 2025 (МИА) – Италијанските опозициски партии денеска побараа премиерката Џорџа Мелони да ги објасни ставовите на шефот на пратеничката група Браќа на Италија (ФдИ), Галеацо Бињами за претседателот Серџо Матарела.

- Зборовите упатени до претседателот на Републиката Серџо Матарела се неприфатливи. Бараме Мелони да ги објасни ставовите на шеф на нејзината пратеничката група и да се дистанцира од изјави што би можеле да предизвикаат невиден конфликт. Најсилната партија на владејачкото мнозинство ја клевети функцијата претседател, изјави шефицата на пратеничката група на Демократската партија (ПД) во Долниот дом, Кјара Брага.

Додеја Виторија Балдино од Движењето пет ѕвезди (М5С) ја обвини ФдИ за „чин на заплашување“, додека центристичката партија Азионе, исто така, изрази солидарност со претседателот Матарела.

Бињами претходно обвини дека советник на претседателот Матарела работи против Владата на Мелони. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан