Италија се пласира во полуфиналето на Дејвис купот
- Италија ја победи Австрија во четвртфиналето на Дејвис купот. Пресметката заврши 2:0, немаше потреба да се игра мечот во двојки.
Болоња, 20 ноември 2025 (МИА) - Италија ја победи Австрија во четвртфиналето на Дејвис купот. Пресметката заврши 2:0, немаше потреба да се игра мечот во двојки.
Матео Беретини го победи Јури Родионов (6:3, 7:6 (7:4)), а Флавио Коболи го победи Филип Мишолиќ (6:1, 6:3).
Во полуфиналето, Италијанците ќе се соочат со Белгија.
Италија е актуелен шампион на Дејвис купот. зс/
Фото: ЕПА