Иран потврдува дека се придржува до Договорот за неширење на нуклеарно оружје
- Инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на Обединетите нации минатата недела ги посетија нуклеарните објекти на Иран, потврди денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багеир.
Техеран, 10 ноември 2025 (МИА) - Инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на Обединетите нации минатата недела ги посетија нуклеарните објекти на Иран, потврди денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багеир.
„Додека сме членка на Договорот за неширење, ќе ги почитуваме нашите обврски, а само минатата недела, инспекторите на МААЕ посетија неколку нуклеарни објекти, вклучувајќи го и истражувачкиот реактор во Техеран“, рече Багеир, објавија иранските државни медиуми.
Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, минатата недела изјави дека Иран мора „сериозно да ја подобри“ соработката со САД и инспекторите од земјите-членки на МААЕ за да избегне ескалација на тензиите со западните земји.
Иранските претставници ја обвинија МААЕ дека го оправдува израелското бомбардирање за време на 12-дневната војна во јуни, која започна еден ден откако одборот на МААЕ гласаше да утврди дека Иран ги прекршил своите обврски според Договорот за неширење.
МААЕ спроведе околу десетина инспекции во Иран од почетокот на непријателствата со Израел на 13 јуни, но минатата недела истакна дека не ѝ е даден пристап до нуклеарни објекти како што се Фордо, Натанц и Исфахан, кои САД ги бомбардираа во јуни. мс/
фото: МИА архива