• сабота, 22 февруари 2025

Иран организира втора воена вежба во неколку дена за проверка на борбената способност на противвоздушната одбрана

Иран организира втора воена вежба во неколку дена за проверка на борбената способност на противвоздушната одбрана

Техеран, 4 февруари 2025 (МИА) -  Иран организираше втора голема вежба во последните денови за тестирање на борбената способност на своите единици за противвоздушна одбрана, јави ДПА.

Во југозападниот дел на Исламската република армијата вежбаше откривање, следење и уништување цели, наведува агенцијата Тасним.

За време на маневрите беа користени и радарски системи од сопствено производство.

Во текот на изминатите неколку месеци, воените тензии меѓу Иран и неговиот главен непријател Израел ја зголемија загриженоста во Исламската Република дека може да избие војна.

Израелската влада постојано се закануваше дека ќе ги бомбардира иранските нуклеарни локации поради стравувањата дека Техеран може да се обиде да набави нуклеарно оружје.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан