• недела, 08 март 2026

Иран избра нов врховен водач, името сè уште се чува во тајност

Иран избра нов врховен водач, името сè уште се чува во тајност

Техеран, 8 март 2026 (МИА) - Иранското Собрание на експерти избра нов врховен водач, но неговото име сè уште не е официјално објавено, јавува новинската агенција Мехр.

Информацијата ја потврди Ахмад Аламолхода, член на ова тело, додавајќи дека јавната објава зависи од челникот на секретаријатот, Хосеин Бушери.

Иранските претставници истакнаа дека „големиот сатана“ (термин со кој го означуваат САД) веќе го споменал името на избраниот кандидат. Ова се однесува на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека изборот на синот на убиениот ајатолах за нов врховен водач е неприфатлив за Вашингтон. ссм/

фото: архива

Остани поврзан