Иран го претстави дронот Хадид-110 – нова закана за израелската ПВО
- Хадид-110 е дрон-камиказе и носи боева глава тешка 30 килограми. Поседува исклучително ниска радарска видливост, споредлива со модерните тактички ракети. Комбинацијата на конструкциски материјали и специјални радар-апсорбирачки премази ја намалува неговата радарска рефлективна површина на само 0,01 до 0,02 квадратни метри.
Техеран, 10 декември 2025 (МИА) - Иран за време на антитерористичките воени вежби „Саханд 2025“ во провинцијата Источен Азербејџан ја претстави новото беспилотно летало со долг дострел Хадид-110, дизајнирано да пробива современи системи за противвоздушна одбрана. Според Телеграм-каналот „Military Chronicle“, ова летало може да стане „неочекувано изненадување“ за израелската ПВО.
Хадид-110 е дрон-камиказе и носи боева глава тешка 30 килограми. Поседува исклучително ниска радарска видливост, споредлива со модерните тактички ракети. Комбинацијата на конструкциски материјали и специјални радар-апсорбирачки премази ја намалува неговата радарска рефлективна површина на само 0,01 до 0,02 квадратни метри.
Поради тоа, авионите за рано предупредување и радарските системи на западните ПВО-системи, вклучително и NASAMS, можат да го детектираат дронот на оддалеченост од само 30 до 50 километри. Со брзина од околу 510 километри на час, ова остава минимално време за реакција за израелските системи „Железна купола“ и „СПАЈДЕР“, особено во случај на напади со повеќе летала.
Како клучна тактичка предност се наведува можноста дронот да се спушти од висина од 5 до 9 километри, влегувајќи во слепи зони на радарите и избегнувајќи навремено пресретнување. ссм/ми/
фото: принтскрин