• среда, 25 март 2026

Цел Ирак без струја

Цел Ирак без струја

Багдад, 4 март 2026 (МИА) - Ирачкото министерство за енергетика објави дека целата земја моментално е погодена од целосен прекин на електричната енергија, без да ја наведе причината.

„Електричната мрежа е целосно исклучена во сите ирачки провинции“, соопшти министерството, според ирачките медиуми.

Додаде дека се утврдува причината за прекинот на електричната енергија и дека е започната реставрацијата на електраните и далноводите.

Делови од земјата постојано се напаѓани од почетокот на војната меѓу Израел, САД и Иран. мс/

фото: Принтскрин „Х“

Остани поврзан