„Инклузива“: Мерката бесплатен превоз во Куманово, не е достапна за лицата со попреченост
- Мерката бесплатен превоз да биде достапна за сите, преку инвестиции на приватните превозници, кои ја спроведуваат општинската услуга, побараа денеска од здружението „Инлузива“. Иако, во Куманово постои бесплатен јавен превоз за сите граѓани, лицата со попреченост кои користат ортопедски и други помагала во пракса не можат да ја користат оваа мерка поради целосната непристапност на возилата.
Куманово, 26 ноември 2025 (МИА) - Мерката бесплатен превоз да биде достапна за сите, преку инвестиции на приватните превозници, кои ја спроведуваат општинската услуга, побараа денеска од здружението „Инлузива“. Иако, во Куманово постои бесплатен јавен превоз за сите граѓани, лицата со попреченост кои користат ортопедски и други помагала во пракса не можат да ја користат оваа мерка поради целосната непристапност на возилата.
- Добрата социјална политика останува само формална доколку не е функционална за сите. Мерката е добра и потребна, особено затоа што голем дел од нашите сограѓани се во тешка економска состојба, а лицата со попреченост се особено ранлива категорија. Но, за жал, тие не можат да ја користат, не затоа што не сакаат, туку затоа што физички немаат пристап до автобусите, вели изјави Благица Димитровска од „Инклузива“ Куманово.
Според неа, постоењето на бесплатен превоз само по себе не значи и инклузија. Напротив, кога инфраструктурата и возилата не се приспособени, мерката создава дополнителна дискриминација.

- Не можеме да зборуваме за еднакви можности ако луѓето кои користат инвалидска количка, одалки или други помагала не можат ни да влезат во автобусот, изјави Димитриевска.
Како здружение бараат да се променат критериумите, да се одберат превозници кои треба да имаат возила за сите граѓани. Димитровска споделува искуства од високоразвиените земји каде што со години се користат автобуси со спуштени рампи и автоматизирани платформи кои овозможуваат безбедно влегување и излегување, без разлика дали лицето користи инвалидска количка, бастун или друга помошна опрема.
Од „Инклузива“ најавуваат дека ќе продолжат гласно да укажуваат на проблемот сè додека не се обезбеди реална, а не само декларативна инклузија.
Бесплатниот јавен превоз во Куманово го користат помеѓу 13 и 16 илјади граѓани.ам/вј/
Фото: МИА