• петок, 05 декември 2025

Израелски авиони нападнаа објекти на Хезболах во јужен Либан

Израелски авиони нападнаа објекти на Хезболах во јужен Либан

Ерусалим, 6 ноември 2025 (МИА) – Израелски авиони денеска нападнаа објекти на Хезболах во три населени места во јужниот дел на Либан.

Нападите беа извршени неколку часа откако Хезболах ја повика Владата на Либан да не почнува преговори со Израел.

Претходно, израелските власти ги предупредија жителите на трите села Аита ал Џабал, Таиба и Таир Дебаво во јужен Либан да се евакуираат, бидејќи ќе биде нападната инфраструктурата на Хезболах. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан