Израелската армија соопшти дека убила тројца членови на Хезболах во јужен Либан
- Израелската армија соопшти дека денеска извршила напади врз тројца членови на проиранската група Хезболах во јужен Либан, а Бејрут пријавил еден смртен случај во израелски напад во областа.
Ерусалим, 14 декември 2025 (МИА) - Израелската армија соопшти дека денеска извршила напади врз тројца членови на проиранската група Хезболах во јужен Либан, а Бејрут пријавил еден смртен случај во израелски напад во областа.
-Утрово, армијата изврши напади врз тројца терористи на Хезболах во неколку области во јужен Либан кои „беа вклучени во обидите за обнова на инфраструктурата“ на либанското движење, кршејќи го договорот за прекин на огнот потпишан во ноември 2024 година, се вели во соопштението на израелската армија. мс/
фото: МИА архива