• петок, 21 февруари 2025

Израел и понатаму го ограничува влезот на опрема за привремените засолништа во Појасот Газа

Израел и понатаму го ограничува влезот на опрема за привремените засолништа во Појасот Газа

Газа, 17 февруари 2025 (МИА) – Во Појасот Газа и понатаму не можат да бидат доставени потребните привремени засолништа, мобилни домови и камп приколки, соопштија палестинските власти.

Тие тврдат дека Израел дозволил да бидат доставени само 45 проценти од предвидените 200.000 шатори во Појасот Газа.

Според нив, Израел спречува испорака и на 60.000 мобилни домови во палестинската енклава. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан