• петок, 05 декември 2025

Израел ги врати телата на уште 15 Палестинци во Газа

Израел ги врати телата на уште 15 Палестинци во Газа

Деир Ал-Бала, 10 ноември 2025 (МИА) - Здравствените власти во Газа денеска соопштија дека ги примиле телата на 15 Палестинци од Израел.

Министерството за здравство на Газа објави дека Црвениот крст ги предал телата, со што вкупниот број примени досега се искачи на 315.

Размените се одвиваат како дел од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, откако палестинските милитанти го вратија телото на еден заложник. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан