• петок, 05 декември 2025

Излезеноста во Куманово до 13 часот 13,34 проценти

Излезеноста во Куманово до 13 часот 13,34 проценти

Куманово, 2 ноември 2025 (МИА) - Излезеноста во Куманово до 13 часот, според податоците на Општинската изборна комисија, е 13,34 проценти.

- Сè е во ред. До 13 часот гласале 12 470 гласачи. Гласањето се одвива непречено, избирачките одбори досега не пријавија никакви проблеми. Очекуваме тековно да се спроведува процесот, изјави претседателката на ОИК Куманово Кристина Цветковска.

Утрово на време беа отворени гласачките места, вкупно 164. Денеска право на глас имаат 94 041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи. ам/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан