Извршниот одбор на СДСМ ја избра Даниела Колева за претседателка на Форумот на жени
- На предлог на претседателот Венко Филипче, Извршниот одбор на СДСМ ја избра Даниела Колева за претседателка на Форумот на жени на СДСМ.

Скопје, 26 јануари 2025 (МИА) - На предлог на претседателот Венко Филипче, Извршниот одбор на СДСМ ја избра Даниела Колева за претседателка на Форумот на жени на СДСМ.
Како што се наведува во соопштението на СДСМ, Колева е долгогодишна активистка и борец за еднаквост и еднакви можности, поранешна пратеничка на СДСМ и членка на Извршниот одбор на партијата во минатиот состав, дипломиран професор по математика и Магистер по менаџмент на човечки ресурси. нд/
Фото: СДСМ