Избрана Комисијата за гласање на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ
- На конгресот на ВМРО - ДПМНЕ во Кавадарци едногласно беше усвоен документот „Ново поглавје Стратегија: Македонија 2030", што станува основната програмска рамка за дејствување на партијата до 2030 година.
Кавадарци, 6 декември 2025 (МИА) - На конгресот на ВМРО - ДПМНЕ во Кавадарци едногласно беше усвоен документот „Ново поглавје Стратегија: Македонија 2030", што станува основната програмска рамка за дејствување на партијата до 2030 година.
Избрана е и изборната комисија за спроведување на изборот за претседател на ВМРО ДПМНЕ. За претседател е избран Зоранчо Јованчев, а членови се Мевмед Џафери, Сашо Клековски, Марија Митева, Ристе Симеонов, Владимир Нелоски и Жаклина Пешевска.
Според Статутот и Деловникот, право да предложат кандидат имаат делегатите на конгресот. За единствен кандидат за претседател е предложен актуелниот лидер Христијан Мицкоски.
Изборната комисија е задолжена да ги провери формално-правните услови за кандидатура и да ја спроведе постапката за гласање. свд/бак/
Фото : МИА