Богата и миризлива чорба, едноставна и брза за подготовка... ги зајакнува душата и телото
Состојки:
- 200 грама пилешки гради
- мала конзерва бел грав
- 6 дл пилешки бујон
- 1 кромид
- 1,5 дл доматно пире
- 2 моркови
- 2 стебла целер
- 200 грама печурки
- 3 чешниња лук
- маслиново масло
- зачини: сол, бибер, мајчина душица, ловоров лист, ако сакате луто, можете да додадете лута пиперка
Подготовка:
Исчистете го и исецкајте го зеленчукот. Измијте го месото и исечете го на ленти или коцки. Пржете го кромидот, морковот, целерот, печурките и лукот во маслото. Кога зеленчукот ќе омекне, додадете го месото и пржете додека не порумени. Додадете го бујонот, доматното пире , гравот и зачините и гответе околу 45 минути. Добар апетит!
Фото: Фрипик