Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
- Нов земјотрес со јачина од 5,2 степени беше регистриран кусо по 21 часот вечерва во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите неколку дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 5 февруари 2025 (МИА) – Нов земјотрес со јачина од 5,2 степени беше регистриран кусо по 21 часот вечерва во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите неколку дена, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјотресите во конкретната област продолжуваат со несмален ритам, а карактеристично е што претпладнево, во период од 25 минути имаше седум последователни потреси со јачина меѓу 4,1 и 4,8 степени.
Паралелно претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекасна денешната информативна прес-конференција во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи предупреди за опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност на островот. ср/