• сабота, 22 февруари 2025

Земјотрес почувствуван во северозападните делови на државата

Земјотрес почувствуван во северозападните делови на државата

Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) - Земјотрес е почувствуван попладнево во северозападните делови на државата, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 14 часот и 39 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km западно од Скопје, во Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.1. Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во северозападнитеделови на Републиката со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, се вели во соопштението на Сеизмолошка опсерваторија. бт/дма/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан