• петок, 05 декември 2025

Земјотрес на границата меѓу Босна и Херцеговина и Црна Гора, почувствуван и во регионот

Земјотрес на границата меѓу Босна и Херцеговина и Црна Гора, почувствуван и во регионот

Бања Лука, 7 ноември 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди подрачјето на границата меѓу Босна и Херцеговина (БиХ) и Црна Гора.

Епицентарот на земјотресот бил веднаш до границата меѓу Босна и Херцеговина и Црна Гора, 22 километри источно од Фоча.

Како што објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил почувствуван и во Хрватска и Србија.

Засега нема информации за евентуална материјална штета, јавуваат сараевските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан