• петок, 05 декември 2025

Зеленски ќе се сретне со Макрон во Париз в понеделник

Зеленски ќе се сретне со Макрон во Париз в понеделник

Париз, 14 ноември 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го пречека својот украински колега Володимир Зеленски во Париз в понеделник, со цел посетата да биде „потврда на обврските на Франција кон Украина“ и „да се одржи моментумот на работата преземена по прашањето на безбедносните гаранции“ за Киев, соопшти денеска Елисејската палата.

Ова е деветта посета на Зеленски на Франција од почетокот на војната во Украина во 2022 година. Тоа „ќе ѝ овозможи на Франција да ја потврди својата долгорочна посветеност кон Украина и да го продолжи моментумот на работата преземена по прашањето на безбедносните гаранции“ во рамките на „Коалицијата на волјата“, соопшти претседателскиот кабинет.

За време на посетата, Макрон и Зеленски ќе разговараат и за „билатералната соработка, особено во областите на енергетиката, економијата и одбраната“, се додава во соопштението. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан