• петок, 21 февруари 2025

Зеленски: Русија само неделава изврши над 1.400 воздушни напади

Зеленски: Русија само неделава изврши над 1.400 воздушни напади

Киев, 2 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати уште еден апел до Западот за итна дополнителна поддршка откако неделава Русија повторно изврши над 1.400 воздушни напади врз неговата земја, пренесе денеска ДПА.

-Русија секој ден ја напаѓа Украина со беспилотни летала, проектили и бомби, рече тој денеска во изјавата на својот канал на комуникациската платформа Телеграм.

Русија во текот на минатата недела ја нападна Украина со околу 50 проектили, речиси 660 дронови и повеќе од 760 крстосувачки бомби, рече тој.

-Русија нема да застане сама по себе. Светот мора да го принуди да ја запре оваа брутална и неиспровоцирана агресија, рече Зеленски.

„Зајакнувањето на нашата одбрана е апсолутно неопходно. Ни треба подобра заштита: системи за противвоздушна одбрана, оружје со долг дострел и притисок од санкции“, додаде тој.сд/

фото:Х

Остани поврзан