• петок, 21 февруари 2025

Зеленски му го честиташе на Трамп враќањето во Белата куќа

Зеленски му го честиташе на Трамп враќањето во Белата куќа

Киев, 20 јануари 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му честиташе на Доналд Трамп за неговото враќање на претседателската функција во САД.

Зеленски укажа на решителноста на Трамп и нагласи дека политиката „мир преку сила“ што ја најави дава можност да се зајакне американското лидерство и да се постигне траен и праведен мир.

- Овој век се оформува токму сега, и сите ние мора да работиме заедно за да го направиме голем и успешен век за демократските земји, а не за оние кои сакаат да пропаднеме, нагласи тој на Х.

- Денеска е ден на промени и ден на надеж за решавање на многу проблеми, вклучително и глобални предизвици, напиша Зеленски на Х.

Остани поврзан