• понеделник, 15 декември 2025

Зеленски: Илјадници луѓе во седум региони без струја по руските напади

Зеленски: Илјадници луѓе во седум региони без струја по руските напади

Киев, 13 декември 2025 (МИА) - Руските напади во текот на ноќта оштетија повеќе од десетина цивилни објекти и оставија илјадници луѓе без струја во седум региони, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Важно е сите сега да видат што прави Русија, бидејќи е јасно дека таа не е насочена кон завршување на војната“, напиша Зеленски на социјалните медиуми.

Тој додаде дека „тие сè уште имаат за цел да ја уништат нашата држава и да им предизвикаат најголемо страдање на нашиот народ“.

Русија, од своја страна, потврди дека нападнала украински цели со хиперсонични ракети. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан