• петок, 05 декември 2025

Здружението на преведувачи и толкувачи ќе одбележи 15 години постоење

Здружението на преведувачи и толкувачи ќе одбележи 15 години постоење

Скопје, 29 ноември 2025 (МИА) - Здружението на преведувачи и толкувачи на Северна Македонија (ЗПРМ) денеска ќе одбележи 15 години постоење и работа во унапредувањето на преведувачката и толкувачката професија во земјава.

Во рамките на свеченоста ќе бидат презентирани почетоците на Здружението, најзначајните постигнувања во изминатата деценија и пол и ќе бидат доделени  признанија и  благодарници за придонесот на неговите основачи и минати претседатели.

-Со овој значаен јубилеј и 15 години постоење и посветена работа, Здружението ја потврдува  својата важна улога во развојот на и застапувањето за преведувачката и толкувачката  професија во Северна Македонија, соопшти ЗПРМ. 

ЗПРМ е професионално здружение основано во декември 2010 година. Неговата мисија е да воведе професионални стандарди на пазарот во државава, да работи на професионалниот развој на членовите на  професијата и да создава позитивна перцепција за професиите преведувач и толкувач меѓу членовите на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност. хс/вј/

Фото: ФБ ЗПРМ

Остани поврзан