• четврток, 04 декември 2025

Зголемено нивото на повеќе реки во земјава

Зголемено нивото на повеќе реки во земјава

Скопје, 24 ноември 2025 (МИА) - Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце и кај Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани покажуваат намалување на нивото под просекот за ноември.

Според податоците од УХМР, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и Охридското Езеро е стабилно и во рамките на просечните вредности за месец ноември. дма/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан