Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари
- Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец и за 3,9 проценти во однос на септември лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец и за 3,9 проценти во однос на септември лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година во однос на претходниот месец се намалени во секторот Рударство и вадење камен за 0.7 %, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 0.2 %.
Во септември 2025 година во однос на истиот месец претходната година продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се зголемени за 1.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 4.1 %. мч/
фото: МИА