Захарова: Помилувањето на Хантер Бајден е „карикатура на демократијата“
Москва, 2 декември 2024 (МИА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ја коментираше одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да го помилува својот син Хантер во две судски постапки, оценувајќи ја таа постапка како „карикатура на демократијата“.
„Тоа е карикатура на тема демократија“, изјави денеска Захарова во коментар за одлуката на Бајден.
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави синоќа дека го помилувал својот син Хантер Бајден во судската постапка против него за даночни прекршувања и поврзани со носење огнено оружје, оправдувајќи ја својата одлука со тврдењето дека неговиот син бил подложен на нефер судење. зш/