• сабота, 21 февруари 2026

Засадени двесте садници на булевар Куманово

Засадени двесте садници на булевар Куманово

Куманово, 15 јануари 2026 (МИА) - Засадени се над двесте садници долж булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово преку проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, информираа денеска надлежните. Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски објави дека ќе се садат нови садници за дрвореди на дел од булеварот „Трета МУБ“, како и во дворовите на средното училиште „Перо Наков“ и јавната установаученички дом „Професор Мијалковиќ“.

- Да покажеме сите одговорност, и со малку внимание и грижа да ги зачуваме засадените садници, тие се за сите нас, повика Димитриевски.

Граѓаните на Куманово споделуваат фотографии од неколку искршени садници и повикуваа на одговорност кон несовесните кои намерно го уништуваат заедничкиот имот. Според жителите на булеварот, садниците придонесуваат за почист воздух.

Наскоро како што информираат од општината, ќе се постават клупи и канти за отпад, зелен ѕид на паркингот на плоштад „Маршал Тито“ со систем за наводнување капка по капка, ќе следува и хортикултурно уредување. Како што наведуваат проектот ќе се спроведува до 31. декември, а општина Куманово добива приближно 300.000 евра (298.529,91 евра). Во рамки на проектот во Куманово ќе се изгради зелена дождовни градини) кај спортската сала во Куманово, ќе се создадат два алпинума во средното училиште „Перо Наков“ и поставување на урбана опрема. Садници, зелени површини, план за зелена инфраструктура се дел од тековните активности кои се спроведуваат во Куманово преку проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, финансиран во рамки на прекуграничниот проект помеѓу Куманово и општина Ќустендил, информираа денеска од општината. Проектот има за цел да создаде одржлива функционална врска помеѓу природните и планираните елементи на зелениот систем во урбанизираната прекугранична средина Ќустендил – Куманово.

- Преку проектот, функционалност на зелената инфраструктура ќе се обезбедат повеќекратни придобивки за населението – од подобрување на квалитетот на воздухот и подобрување на урбаните целини до промовирање на еко-иновации и одржлив урбан развој. Во исто време, природната средина ќе биде зачувана и развиена, создавајќи поздрава и попријатна урбана средина за жителите, информираа од општината. Водечки партнер е Ќустендил, Република Бугарија, партнери се Општина Куманово, Република Македонија и Центар за развој на Третиот североисточен регион, Република Македонија.

Главни активности на проектот се создавање зелени урбани површини и јавни градини во Ќустендил и Куманово, развој на стратегија и план за зелена инфраструктура, градење капацитети и обука на специјалисти, информативни кампањи за промоција на зелени практика. Проектот ќе обезбеди голем број придобивки за локалните заедници од подобрување на социјалните и еколошките услови до имплементација на иновативни решенија за одржливо урбано управување.ам/са/

Фото: МИА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан