• сабота, 22 февруари 2025

Започна пријавувањето групни маски за манифестацијата „Сусурига 2025" во Крива Паланка

Започна пријавувањето групни маски за манифестацијата „Сусурига 2025

Крива Паланка, 4 февруари 2025 (МИА) - Општина Крива Паланка и фондацијата „Со срце за Крива Паланка" ги започнаа подготовките за годинашната манифестација „Сусурига 2025“ што втора година по ред ќе се одржи по повод празникот Прочка и ќе ја оживее старата градска традиција на маскирање и палење на оган за време на овој празник.

„Сусурига" ќе се одржи на 1 март 2025, на градскиот плоштад во Крива Паланка, објавен е и јавниот повик за пријавување групни маски за учество.

- Станува збор за уникатен ритуал во духот на градската традиција што минатата година во рамки на манифестацијата "Крива Паланка - Град на културата" го отпочнавме и наиде на одличен прием кај публиката,кај граѓаните на Крива Паланка и учесниците од земјата и соседството. И годинава ќе се одржи ревијално дефиле под маски, со настап на специјални гости од земјава и соседството, познати по обредно изведување обичаи, а покрај забава под маски, ќе се одржи и ритуално палење оган и сѐ што е карактеристично за "Сусурига", назив што се среќава единствено во Крива Паланка, велат од општината.

Сите заинтересирани,на возраст над 14 години, можат да го пријават своето учество на пријавата достапна на веб страната на Општина Крива Паланка,на следниот линк: https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/40491.ид/

Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан