Запален камион во село Косевица, интервенираа каменичките пожарникари
- Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица денес интервенираше на запален товарен камион во селото Косевица.
Македонска Каменица, 9 декември 2025 (МИА) – Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица денес интервенираше на запален товарен камион во селото Косевица.
На местото на настанот по дојавата интервенирале две противпожарни возила со тројца пожарникари.
-По дојавата, пожарот навреме е локализиран и изгаснат, а со тоа спречено е и понатамошно проширување на пожарот, истакнаа од Територијалната противпожарна единица.
Во пожарот нема повредени лица, а причините дополнително ќе се утврдуваат. вс/вј/
Фото: Пожарна Македонска Каменица