Заврши санацијата на регионалниот пат кон делчевското село Габрово
- Завршија градежните работи за санација на регионалниот пат кон селото Габрово, во должина од околу 2,2 километри, со што е поставен нов асфалтен слој и конечно е решен долгогодишниот проблем со патната инфраструктура на жителите од овој регион. Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 22 милиони денари.
Делчево, 6 ноември 2025 (МИА) – Завршија градежните работи за санација на регионалниот пат кон селото Габрово, во должина од околу 2,2 километри, со што е поставен нов асфалтен слој и конечно е решен долгогодишниот проблем со патната инфраструктура на жителите од овој регион. Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 22 милиони денари.
Во рамки на проектот се поставени 12.500 квадратни метри нов асфалт на коловозната површина. Санацијата на овој пат, кој секојдневно го користат жителите на Габрово и околните села, значително ќе го подобри квалитетот на живот и патната поврзаност со центарот на Општина Делчево. Изведувач на работите е Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, а средствата се обезбедени преку ЈПДП, информираа од Општината.
Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, изрази искрена благодарност до директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, за поддршката и соработката во реализацијата на проектот.
– Со овој проект решаваме еден од најголемите инфраструктурни проблеми на жителите на Габрово. Ќе продолжиме со максимална посветеност да работиме на подобрување на патната инфраструктура со цел Делчево да добие безбедни и модерни патишта, изјави Гоцевски. вс/вг/
Фото: МИА