Жител на Египет одзел предмети од Црвен крст во Транзитен центар Табановце
- Осумнаесетгодишен жител на Египет украл предмети од Црвен крст во Транзитниот центар Табановце, соопшти денеска полицијата.
Куманово, 16 декември 2025 (МИА) - Осумнаесетгодишен жител на Египет украл предмети од Црвен крст во Транзитниот центар Табановце, соопшти денеска полицијата.
- Вчера полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Х. (18) од Египет, поради сомнение дека во транзитен центар во Табановце одзел предмети од контејнер, сопственост на Општинската организација на Црвен крст Куманово, соопшти СВР Куманово.
М.Х. е приведен во полициска станица и против него до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава по брза постапка. ам/са/
Фото: МИА